Загадување

Спречи го загадувањето. Придружи се во нашата борба!

Аерозагадување

Аерозагадувањето во нашата земја се влошува од година на година. Дали виновниците сме самите ние?
Иако постојат многу фактори што ја дисбалансираат состојбата на земјата, најголем причинител на аерозагадувањето како и самото загадување на животната средина, сме ние, луѓето. Користењето на непроверени и неодобрени ресурси за загревање на домот, како што се печките на дрва, гума, метал, и останати материјали, придонесуваат за енормно загадување на воздухот. Од друга страна, користењето на возила постари од 20 години, и сите оние кои работат на не-еко нафта, како што е дизелот и тн., се сојузниците во борбата против  чистиот воздух. За жал, мора да се напомене дека ние, луѓето, секојдневно го потпомагаме аерозагадувањето. Фрлање на секакви материјали, од пластика, гума, метал, кои не се биоразградливи, е еден од главните причинители на овој голем проблем. Бројките на ваков отпад, за жал се  разочарувачки. Според истражувања од Светската Банка, луѓето на дневна база во целиот свет ‘произведуваат’ најмалку 3.5 милиони тони пластичен
и останат тврд отпад, што е за 10 пати повеќе од минатиот век.

Загадување на водата

Загадување на вода е секоја хемиска, физичка или биолошка промена во квалитетот на водата што има штетни последици врз живите организми и што ја прави водата несоодветна за употреба. Главни извори за загадување на водата се:   
1. Индустрискиот отпад, особено отпадните води 
2. Отпадот што го произведуваат домакинствата – ѓубрето и водата искористена за перење 
3. Хемикалиите кои се користат во земјоделието – пестициди, вештачко ѓубриво…   

Индустријата претставува еден од најголемите извори на загадувањето на водите земајќи во предвид дека повеќе од 50% од отпадните води доаѓа од индустриските стопански гранки кои многу често без претходно прочистување ги испуштаат во површинските води по директен или индиректен пат. Во реката Вардар , само од градот Скопје се испуштаат годишно околу 10.457.400 m3 непрочистени отпадни води, од домаќинствата и од индустријата. Поради тоа, Вардар на територијата на Скопје е најзагадена река во Македонија.

Современото земјоделство ја нарушува животната средина на повеќе начини. Земјоделците користат пестициди за уништување на напасниците. Со тоа се зголемува производството на храна, но се уништува дивиот жив свет. Освен тоа, пестицидите може да бидат разнесени со водените текови и да ја загадат водата за пиење. Ѓубривата се користат како дополнителни хранливи состојки за забрзување на растот на растенијата. Тие исто така може да бидат измиени од почвата во езерата и реките, и да ги загадат резервите на вода за пиење.

Загадување на почвата

Голема улога за загадување на земјата ја има и загадувањето на почвата. Иако во последно време, најмногу се зборува и дебатира за загадувањето на воздухот, нималку неважен проблем е и загадувањето на почвата. Тоа најчесто се случува кога одредени силни, вештачки и штетни хемикалии продираат во самата почва, а со тоа го намалуваат животниот векот на растенијата и сите живи организми кои живеат на неа. Најголемиот виновник за овој проблем е индустријата. Во многу случаеви, отпадот од индустриските фабрики завршува на почвата поради неможност за нејзино контаминирање.
Исто така, киселиот дожд кој е предизвикан од мешање на сулфурдиоксид и азотен оксид со дождот, ја намалува плодноста на почвата. Како индиректен фактор кој влијае врз ова загадување, е и сечата на шумите. Со ова, почвата станува подложна на големи ерозии, и останатата вегетација не може да преживее на таква почва.